Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јовески: Собираме и работиме со други докази додека го чекаме обдукцискиот наод за смртта на 6-годишната Јана во Битола

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Фокусирани сме на обезбедување на сите докази и расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница, но сè уште не сме ги добиле резултатите од обдукцијата, изјави јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

„Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Јавното обвинителство работи на прибирање на други докази од повеќе лица, кои може да помогнат во расветлување на случајот“, изјави Јовески.

Смртта на 6-годишното девојче беше причина за вчерашните протести во Битола и во Скопје на кои граѓаните побараа правда за Јана, но изразија незадоволство и од состојбите во македонското здравство.

Битолчани бараат „Правда за Јана“ – протест во траорна атмосфера, со многу солзи и тага

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола, каде што почина петгодишната Јана Христовска. Притоа било констатирано дека на девојчето му била дадена гликоза, заедно со физиолошкиот раствор, но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите што го третирале девојчето.

Револтирани граѓани за смртта на Јана на протест пред министерството за здравство

Малата Јана почина минатата среда, откако родителите ја однесоа на преглед на детското одделение во Битолската болница со симптоми на блага настинка. Тие се сомневаат во лекарска грешка, затоа што состојбата на Јана нагло се влошила додека примала инфузја со гликоза, по што шеќерот во крвта се покачи од 9 на 19 единици и девојчето западна во кома и почина. Дали постои лекарска грешка, одлука ќе донесе обвинителството, врз основа на целокупната медицинска документација и обдукцискиот наод.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата на малата Јана, протести во Битола и Скопје за состојбите во јавното здравство