Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈСП: По проверка од антитерористичките единици автобусите ќе се вратат на линиите на кои сообраќаат

/

пред 1463 дена

Сподели преку :

Лице вработено во Јавното сообраќајно претпријатието ја испратило заканата и истото е приведено од страна на МВР.

– Ве информираме дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата, информираат од ЈСП.

Од таму додаваат дека екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.

ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието, соопштуваат од ЈСП.