Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈСП Скопје: Најавен е прекин во испорака на природен гас за Македонија, може да има отстапки од возниот ред на автобусите

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека поради најавениот прекин во испораката на природен гас кон Македонија, можно е да има отстапувања од редовниот возен ред на автобусите.

Според добиената информација од компанијата Номагас АД Скопје, испораката на гас ќе биде прекината до 17 октомври 2025 година, што може да влијае врз редовното одвивање на јавниот превоз.

Од ЈСП Скопје велат дека доколку има промени во времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено информирана. Корисниците се повикуваат на разбирање за настанатата ситуација.