Врховната Рада на Украина претпладнево го усвои предлогот за именување на Јулија Свириденко за премиерка на земјата, откако Денис Шмигал поднесе оставка на функцијата.
Номинацијата на Свириденко ја поддржаа 262-ца украински пратеници, со што таа стана втора жена на таа функција во Украина по Јулија Тимошенко.
Свириденко е родена во Чернигов, каде до 2015 година беше на раководни позиции во регионалната администрација.











