Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кацарска нема да ги стави на дневен ред указот на Преспанскиот договор и законот за јазици додека не се комплетира судот

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Претседателката на Уставниот суд нема да стави на дневен ред важни државнички прашања доколку не се изгласаат нови судии.

Кацарска ова им го кажала и на претседателите на државата, Собранието и владата, кои утрово ги  покани на работна средба, за да ги предупреди дека, Македонија во декември ќе влезе во уставна криза доколку Уставниот суд не се доекипира.

Во декември ќе се пензионира уште еден судија, со што ќе биде оневозможена работата на судот кој веќе шест месеци работи  со четири судии помалку од предвиденото. Судот функционира на граница на кворум.

Претседателката на судот укажува и дека, на секоја седница има по еден или два предмети што не можат да се изгласаат и се одолговлекуваат на неодредено време.

Не можат да се гласаат иницијативите за законите за социјална заштита, за јавно обвинителство, за даноци, како и бројни одлуки со кои се оспоруваат детални урбанистички планови. Во ситуација да треба да се одземе мандат на претседател на државата или да се избере претседател на уставниот суд, тоа нема да биде можно. Не може да се прават реформи, а ниту да се спроведе идејата за воведување на уставна тужба, што за граѓаните би било замена за судот во Стразбур. Кацарска во неколку наврати бараше од Собранието да се изгласаат судиите, но тоа досега не се случи.

Претседателите одбија да дадат изјави по средбата, а стигна само соопштение од Кабинетот на Претседателот на државата во кое се вели дека, „Пендаровски ја истакнал потребата  за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања, на 13 мај ја почна процедурата за избор на нови уставни судии.

Предложени се девет кандидати, но за опозицијата се спорни владините предлози, уставни судии да станат републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Џафери по средбата апелираше до пратениците да се однесуваат државнички и да овозможат одблокирање на изборот за да се комплетира Уставниот суд и да може да продолжи со нормално функционирање и во полза на граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска