Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Како се тестира „Сејф сити“?

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Со црн залетан автомобил кој поминува со голема брзина, на булеварот „Партизански одреди“ кај мостот „Обединети нации“ во Карпош 4 денеска се правеше калибрација и проверка на камерите на „Сејф сити“, при што сообраќајот беше целосно затворен.

На тој начин, се проверува дали уредот правилно и точно ја мери брзината, односно дали е во согласност во ограничувањата и дали системот ефикасно и навремено го испраќа записникот.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот и ќе траат до 31 јануари. Од мвр апелираа до граѓаните да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање и трпение се додека траат овие постапки. Сејф сити треба да почне со целосна примена и казнување од 1-ви февруари, но дотогаш треба да се усвојат измените на Законот за прекршоци.