Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калајџиев: Избор на независен обвинител, со интегритет, е клучно во борбата со криминалот и корупcијата, кандидатот што е избран е малку неочекуван

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Клучно прашање во борба со криминалот и корупцијата ќе биде добар избор на независен и обвинител со интегритет, рече професорот Гордан Калајџиев во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Мислам дека кандидатот што е сега избран, по мое искрено мислење, е малку неочекувано. Интересно беше како во сите овие муабети, првпат од како е војдено ВМРО-ДПМНЕ на власт, и претходните не беа ништо различни, лесно новинарите и другите го препознаваа фаворитот. И секогаш фаворитот се знаеше однапред две-три недели. Сега ова беше нејасно до последен момент. И помалку неочекувано, бидејќи токму од претходните некои позиции, не само во правосудството, Управата за санкции, затворите, сега последно Народниот правобранител, упорно добивавме луѓе со партиска позадина, независно од која партија од овие што се на власт“, вели Калајџиев.

С.Д.