Комисијата за помилување поднесе колективна оставка, но многу дилеми сè уште ја брануваат јавноста.
Потребни ли се промени во процесот на помилувањето?
Европската комисија испрати пораки какви реформи очекува правосудството.
Дали е достижен системот вредности и заслуги или и понатаму ќе важи системот на „наши и ваши“.
„Mислам дека прашањето заслужува повеќе внимание, и од правен аспек и мислам дека допрва ќе треба да се расправа посериозно за сите фалинки во системот, и да како да се унапреди целиот процес на помилување, да нема грешки. Ние разговаравме меѓусебе бевме во контакт иако сме релативно нови членови, таму имаше од нашиот состав, знаете дека еден од членовите несреќно почина, веројатно да беше Саше Димовски можеби ќе знаеше повеќе за контроверзната личност. Имаме двајца членови со повеќе искуство кои беа од претходните состави, а ние другите бевме практично нови. На самиот почеток увидовме дека системот на известување од што ги добиваме материјалите, уште од прва седница имавме забелешки кои ги упативме до Министерството за правда кое последно ги собира податоците“ изјави професорот Калајџиев.
„Податоци доставува Судот, иако Законот вели дека Судот ги проверува сите податоци, од кои сите факти за лицето кое бара помилување. Судот за жал дава само судски досиеја која е актуелната постапка на што се надоврзува материјалот од правда и затворите, врзани ако издржал казна затвор, какво му е поведението, во тоа оди и медицинската документација. Овој дел на информации никој не ги проверувал, а за мене е проблематично од аспек презумција на невиност дали треба некој воопшто да ги проверува. Во Судот не постои ни тело ниту орган, а ни практика да собира некои полициски разузнавачки податоци“ додаде Калајџиев.
- „Тие податоци никогаш не доаѓале до комисијата, и според мене тие податоци треба да бидат во рамки на маргини на грешка, а одеднаш некој којшто бил во затвор и бил пуштен 3 или 4 месеци порано не значи дека улиците ќе бидат небезбедни. Тоа се само непознавачи, во Македонија годишно има над 30 илјади сторители на кривично дело“ истакна Калајџиев.
Вечерва во Топ Тема дебата со Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕЧСП, Гордан Калaјџиев, универзитетски професор и Васко Маглешов, новинар.
Гледајте Топ тема со Елена Ивановска Мукоска во 19 и 15 на Телма











