Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калибаф: Иран е подготвен за разорен и заслужен одговор на секоја агресија

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Вооружените сили на Иран се подготвени да обезбедат разорен, заслужен одговор на секоја агресија, со вакво предупердување претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф,  истакна дека погрешните стратегии на непријателите ќе им донесат само катастрофални резултати.

„Нашите вооружени сили се подготвени да обезбедат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до катастрофални резултати. Целиот свет веќе го сфати тоа. Ние сме подготвени за сите опции, тие ќе бидат изненадени“, предупреди тој на Икс.

Калибаф рече дека иранските сили се „борбено подготвени“ и дека погрешните стратешки одлуки на противникот нема да доведат до успех, туку до сериозни последици.

Според неговите зборови, Иран останува посветен на политиката на стратешко трпение, но и на висок степен на воена подготвеност, во услови на зголемени тензии со САД и Израел.