Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камчатка се тресеше со 8,8 степени по Рихтер – силен земјотрес на рускиот далечен исток, наредена евакуација во Јапонија, првиот бран на цунами се очекува во секој момент на Хаваи

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток, предизвикувајќи цунами од четири метри висина, оштетувајќи згради и активирајќи ги алармите за предупредување и евакуација во делови крај Тихиот Океан.

Првичните информации се однесуваат на неколку повредени лица во зафрлениот руски регион, а на населението во најголемиот дел од јапонскиот источен брег, тешко погоден во разорниот земјотгрес и цунами во Фукушима во 2011 година, му е наредено да се евакуира.

„Денешниот потрес беше сериозен и најсилен во последните 10 години“, соопшти гувернерот на Камчатка на Телеграм.

Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 километри, на околу 125 километри од Петропавловск, град со 165.000 жители.

Првиот бран на цунами се очекува да ги погоди Хаваите во секој момент.