Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камион се преврте кај Марвинци, повредени поголем број мигранти

/

пред 1517 дена

Сподели преку :

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија, според првичните информации повредени се мигранти.

Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци.

Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската.

Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.

Од МВР потврдија дека вечерва во 18:10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од с.Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Д.Капија.

Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално, велат од МВР.