Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кардиналите влегоа во Сикстинската капела – започна конклавата за избор на нов папа, првиот чад се очекува вечерва

/

пред 529 дена

Сподели преку :

Кардиналите влегоа во Сикстинската капела, каде попладнево започна конклавата за избор на 267-миот папа. По влегувањето, кардиналите застануваа на своите места, каде што веќе беа подготвени материјалите за гласање.

Масите, покриени со кафеави покривки и украсени со црвени драперии, се распоредени во четири реда – два од десната и два од левата страна.

Кардиналите положија заклетва, по што беше изречена традиционалната наредба „Екстра омнес“ (на латински: Extra omnes – „Сите надвор“), а вратите на Сикстинската капела се затворија.

Кардиналите ќе гласаат еднаш денеска, а првиот сигнал за чад се очекува вечерва од оџакот на Систинската капела околу 19 часот по локално време. Се очекува чадот да биде црн, што ќе значи дека не е избран папа.

Ако чадот е бел, тоа ќе значи дека е избран 267-от наследник на Свети Петар и новиот водач на Католичката црква.