Поддршката на албанска академија, според градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, е обврска која веќе ја презеле, и покрај укажувањата на министерот за локална самоуправа дека согласно закон, не може општини да ја финансираат.
Иако партиите од македонскиот блок најавија дека не се согласуваат со оваа одлука на градоначалниците на четири општини, Касами очекува да продолжи нивната соработка.











