Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казна затвор од една година за кавадарчанец кој сакал да прегази полициски службеник

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор.

  • На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. Кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, осомничениот со возилото сакал да прегази полициски службеник. Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира, а во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди, објави обвинителството.

Обвинетиот беше лишен од слобода на 25 декември и веќе следниот ден беше изведен пред суд, каде го призна делото.

Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото.

Б.С.