Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казни од 8350 евра изрече АХВ на 14 месарници по спроведување на инспекциски контроли

/

пред 535 дена

Сподели преку :

Казни во вредност од осум илјади и триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.

Надзорите, беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава. Како небезбедни уништени се 323 килограми храна. Со спроведените контроли на месарниците во земјава издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените.

Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај тројца оператори со храна – месарници, а толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.