Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе ѝ се суди ли на Димитровска со другите обвинети во „Адитив“ или посебно? – одлука на 2 септември

/

пред 428 дена

Сподели преку :

Судењето за случајот „Адитив“ закажано за утре се одлага, за да може судијата да одлучи дали експретседателката на антикорупциска, Димитровска, ревизорот Столевски и уште двајцата новообвинети ќе седнат на седнат на иста обвинителна клупа со претходно обвинетите 36-мина во „Адитив“ или, пак, ќе им се суди одделно.

Обвинителството предложи спојување со предметот „Адитив“. Нејзиниот адвокат Туфегџиќ, пак, бара раздвојување. Смета дека обвинението не е поврзано со предметот кој е веќе во судска постапка, но и дека спојувањето кон предмет со 36 обвинети ќе влијае негативно на економична постапка. Следното рочиште, на кое треба да биде донесена одлуката дали ќе има спојување или не, е закажано за 2 септември.

Кривичен денеска го одобри обвинителниот акт за еден од четворицата новообвинети. За Димитровска, ревизорот Столевски и уште еден обвинет не треба оценка, затоа што се гонат со обвинителен предлог.

„Заради економичност и ефикасност на постапката, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот, како и произнесување на одбраната во однос на истото и да одлучи по предлогот за спојување“, велат од Кривичен суд. 

Експретседатлеката на ДКСК е обвинета дека му одавала службени тајни на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ кој подоцна станал обвинет во „Адитив“’. На товар ѝ се става и делото компјутерски фалсификат дека ревизор од ДЗР ѝ го положил тестот за сертификат за Државна тајна. Адвокатот најави дека ќе докажува дека Димитровска испраќала јавно објавени документи, а не службени тајни.

Димитровскла си поднесе оставка по една недлеа од обвинението и се врати на старото работно место во Државниот завод за ревизија, на истата позиција, но без можност да учествува во изготвување на ревизии.

Елена Ивановска Мукоска