Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ќе лежам во затвор, ќе излезам“ – вознемирувачки аудио записи на судењето против Стојанче Јовановски

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Вознемирувачки аудио записи од пријавите за семејното насилство кое го трпела Ивана и пред очите на нејзината ќерка се изведуваа како докази на денешното рочиште против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство, нанесување телесна повреда и загрозување на сигурноста. Ивана пред да го загуби животот на 2 март по пад од терса со нејзината 6-годишна ќерка Катја неколку пати побрала помош од полицијата.  Беа презентирани неколку записи од трагичниот ден. Во нив се слуша како Стојанче и Ивана се расправаат, како таа му објаснува дека не го наместила полицијата да го фати со дрога, како ја тепа и и се заканува.

  • „Стојанче вели „ќе ти го уништам животот“. Ѝ вика на Ивана, „ниту Катја ќе ја видиш, ништо нема да видиш. Ако сакаш пријави ме, кај сакаш иди. Ќе лежам во затвор, ќе излезам,“ рече обвинителката Адела Бојчевиќ.

Неговата одбрана реагираше дека на снимката се слушаат тројца. Бојчевиќ одговори дека на крајот од снимката се слуша како Стојанче вели „ќе ве тепам и тебе и него“, алудирајќи на Мартин Саздов, кој беше и сведок. Во еден момент Ивана вели и дека е на паркинг кај Судска палата и ако може полицијата да дојде.

По смртта на неговата сопруга и ќерка Стојанче се јавил да повика брз помош. „Ве молам, мало дете“, повторувал.

Љубица Стојановска, мајката на Ивана кога со плачење пријавила во полиција ги информирала дека не е прв пат нејзината ќерка да биде тепана и дека и соседи пријавувале малтретирање. Додека пак мајката на обвинетиот Цветанка Јовановска пријавила обид за убиство и дека и нејзината внука е тепана.

  • „Во позадина се слуша плачењето на Катја што е толку гласно што Цветанка не се слуша што зборува. Катја силно плаче и вели „ќе ја убие мама“. На прашање на операторот што има таму, Цветанка одговара обид за убиство,“ рече Бојчевиќ.

Во судница беше презентиран и аудио запис во кој обвинетиот ја пријавува Ивана дека го малтретира и не го пушта од дома и му се заканува дека ќе го тепа, како и записот кога сведокот Ивана Белчева пријавува дека таткото ја тепа мајката пред детето.

Марија Митевска

Б.С.