Саудиска Арабија објави нова регулатива за алкохол, пренесува „Си-Ен-Ен“. Се воведуват правила со кои ќе се регулираат квотите на алкохол што ќе биде достапен за дипломатски мисии од немуслиманските земји.
Целта на мерката е спречување на илегалната трговија со алкохол. Се претпоставува дека тоа ќе значи отворање на првата продавница со алкохол во Ријад, иако таквата и нформација не е потврдена и од саудискиот Центар за меѓународна комуникација. Во секој случај, во неа ќе може да купуваат само дипломати кои не се муслимани.
Новиот процес при влез во земјата ќе определува количина на алкохол што дипломатите ќе можат да ја набават, за да се застане на патот на неконтролирана трговија со алкохол.
Продажбата и консумацијата на алкохол во Саудиска Арабија се строго забранети и може да бидат казнети со камшикување, депортација или затвор. Под водство на принцот Мухамед бин Салман, државата се обидува да го засили својот туризам за да ја диверзифицира економијата, што вклучува и прилагодување на туристите. Од тука и претпоставките дека алкохолот во Саудиска Арабија ќе биде легализиран во блиска иднина.











