Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се повлече ли предлог законот за Митилинеос, денеска на седница повторно ќе се разговара за овој стратешки инвеститор

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Денеска на владина седница повторно ќе се разговара за повлекување на предлог законот за Митилинеос , кој треба да ја гради новата когенеративна  централа во Железара.

На минатата седница министерот за економија, побара предлог законот за Митилинеос да се повлече, а преговорите со инвеститорот да почнат од почеток затоа што не може инвеститор да добива повеќе видови помош од државата.

Во овој случај Митилинеос добива директна државна помош од 50 милиони евра, загарантиран откуп на производството.  И дел од експертите се против реализацијата на овој стратешки проект,  со образложение дека државата ќе претрпи огромни штети, а грчкиот инвеститор ќе се богати. Од Вадата пак уверуваат дека сите стратешки инвестиции се значајни за енергетиката.

Вкупно се четири предлог закони за изградба на централи  на повеќе места во земјава. Сите тие се во собраниска процедура.