Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се прогласи за држава, се укинува државјанството на БиХ – собранието на Република Српска го усвои Нацртот на нов Устав

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Собранието на Република Српска синоќа го усвои Нацртот на новиот Устав, според кој Република Српска ќе се прогласи за држава, ќе има право на самоопределување, а се укинува државјанството на Босна и Херцеговина.

Усвоен е и Закон за заштита на уставниот поредок на Република Српска, кој предвидува формирање на Специјално обвинителство за прогон на заканите за уставниот поредок. Законот и Уставот беа усвоени со гласање на владејачката коалиција, додека опозицијата беше отсутна или отстранета.

За конечно усвојување на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство, кое владеачката коалиција не го има. Еве како го бранеше својот став пред пратениците претседателот на Република Српска, Милорад Додик.