Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се зголемува европскиот фонд за одбрана

/

пред 948 дена

Сподели преку :

ЕУ одобри зголемување на европскиот фонд за одбрана. Одлуката е договорена минатата недела на ниво на амбасадори. Средствата за Европскиот инструмент за мировна помош е зголемена за пет милијарди евра, а во нив е предвиден и фонд за Украина.

„Со формирањето на фондот за помош на Украина, ние нашите зборови ги претворивме во дела“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Со оваа одлука, горната граница на финансиските средства за Европскиот инструмент за мировна помош (ЕПФ) надмина 17 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година.

Советот на ЕУ одобри и нови правила за управување со ЕПФ кои се однесуваат и на заедничка набавка на оружје и муниција од мали и средни претпријатија од ЕУ и Норвешка.