Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Келог: Украина нема да влезе во НАТО

/

пред 547 дена

Сподели преку :

Украина нема да влезе во НАТО, а постојат други можности кои би можеле да се применат, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог.

„Влегувањето на Украина во НАТО не е на маса“, изјави Келог за „Фокс њуз“ и додаде дека од 2008 година се зборува дека Украина нема да биде членка на Алијансата.

Тој најави дека следната недела американски претставници ќе отпатуваат во Лондон за да разговараат за завршување на војната во Украина.