Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киев и Европа мора да бидат дел од какви било преговори за мир во Украина, порачаа водечките членки на ЕУ и Велика Британија

/

пред 609 дена

Сподели преку :

Министрите за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија во Париз одржаа состанок на кој ја потврдија својата поддршка за Украина и испратија порака дека не може да има траен и праведен мир во земјата без учество на Киев и Европејците во какви било преговори.

На состанокот, кој доаѓа во момент кога претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се согласија на „непосредни“ преговори за Украина, присуствуваа шефовите на дипломатиите на Франција, Германија, Полска, Шпанија, Италија и Велика Британија, како и претставници на Европската служба за надворешни работи и на Европската комисија.

По средбата тие објавија заедничко соопштение во кое велат дека се подготвени да ја зголемата поддршката за Украина, како и дека се обврзуваат на зачувување на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во однос на руската агресија.