Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ким Јонг Ун ја избрал 13-годишната ќерка за свој наследник и иден лидер на Северна Кореја

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја избрал својата ќерка за негов наследник, ги информираше денеска разузнавачката агенција на Јужна Кореја, членовите на парламентот на оваа држава.

Ким Џу Ае, за која се претпоставува дека е на возраст од 13 години, во последните неколку месеци се почесто почна да се појавува покрај својот татко, на повеќе настани од висок профил, како во случајот на посетата на Пекинг во септември, нејзиното прво патување во странство.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (NIA) соопшти дека зеле предвид повеќе околности пред да ја донесат оваа проценка, вклучувајќи го и нејзиното се позачестено појавување во јавноста на официјални настани.

Истовремено, разузнавачката агенција соопшти дека одблиску ќе следи дали таа ќе присуствува на најголемиот политички настан во Северна Кореја – конгресот на владеачката партија кој се одржува еднаш на пет години.

На партискиот конгрес, официјален Пјонгјанг се очекува да ги презентира подетално приоритетите во областите како надворешната политика, военото планирање и нуклеарните амбиции во наредните пет години.

Ким Џу Ае е единственото познато дете на Ким Јонг Ун и неговата сопруга, Ри Сол Џу. Јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека Ким Јонг Ун има и постар син, но тој никогаш не бил признат, ниту пак прикажан од медиумите во Северна Кореја.