Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинеското МНР до Трамп: Смирување на ситуацијата која е напната и штетна за глобалната стабилност

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Кинеското  Министерство за надворешни работи изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормускиот Теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат.

Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп.

Портпаролот на министерството, Лин Џиан, ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност.

-Кина уште еднаш ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите и да спречат регионалниот конфликт да има посериозни последици за глобалниот економски развој, рече тој.

Трамп претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“, објавено вчера, изјави дека можеби ќе го одложи планираниот самит со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, исттовремено додавајќи дека „на Кина ѝ е потребна и помош бидејќи добива 90 проценти од својата нафта преку теснецот“.