Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинез истрча маратон за три и пол часа и од стартот до целта пушеше цигари

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Тркач, чиј прекар е „Вујко Чен“, стигна до насловните страни, откако во Кина истрча маратон за 3:28 часа и притоа испуши цела кутија цигари.

Фотографии од Чен станаа вирални во текот на минатата недела на кинеската социјална мрежа Веибо, по што организаторите на маратонот го прославија неговиот подвиг и му врачија сертификат по завршување на трката.

Чен на целта пристигна како 574-ти натпреварувач во конкуренција на 1.500 маратонци, со време 3:28:35 часа, пренесува „Ранинг магазин“ (Running magazine).

Ова не е прва трка во кариерата на 50-годишниот маратонец од Гвангжу кој е фотографиран како пуши. Фотографии со цигара во рака од него се појавија и на маратонот во Гвангжу во 2018 година и во Сјамен во 2019 година. Чен, исто така, се натпреварува и во ултрамаратон.