Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинезите го затворија Дизниленд во Шангај и „заробија“ над 60.000 гости и персонал за тестови против вируси

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Илјадници посетители во Дизниленд во Шангај беа привремено спречени да заминат од паркот, како дел од тестирањето за вируси кои, според градските власти се проширени на 439.000 луѓе.

Компанијата „Волт Дизни“ и градските власти го потврдија затворањето на паркот, поради тестирање на персоналот и туристите. Но, не објавија детали за избувнувањето на вирусите, откако во текот на минатата недела на 1,3 милиони жители во областа на Шангај им беше кажано да останат во домовите за тестирање.

На видео што беше постирано на социјалните мрежи се гледаат голем број на поставени кабини за тестирање за ковид-19 и земање брисеви од грлата на гостите. Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица.

„Колку побрзо ги добиеме резултатите на сите туристи, тие веднаш ќе можат да го напуштат паркот“, беше наведено преку разглас.

На посетителите има беше понудена бесплатна вечера во некој од рестораните.

Слично сценарио имаше и во ноември минатата година, кога над 30.000 посетители останаа заробени во паркот, штом властите наредија задолжително тестирање.