Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе го признае ли Болсонаро конечно поразот на претседателските избори во Бразил?

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Бразилскиот претседател, крајниот десничар Жаир Болсонаро, конечно ќе и се обрати на нацијата во текот на денот, со што конечно ќе го прекине молкот по поразот кој го претрпе на изборите оддржани во недела.

Тензиите во најголемата јужно-американска држава ескалираа откако популистот Болсонаро не ја испочитува традицијата, како губитник на изборите, да го признае поразот и да му честита на својот ривал и победник на претседателските избори во државата, левичарот Луиз Инасио Лула Да Силва.

Дел од најверните следбеници на Болсонаро одбиваат да ја прифатат реалноста и поразот на досегашниот претседател, поставувајќи блокади на голем број автопати ширум државата.

Полицијата потврди дека досега расчистиле над 300 блокади на патиштата, но остануваат уште 267.

Десетици авионски летови од и кон меѓународниот аеродром во Сао Пауло мораа да бидат откажани, откако демонстрантите целосно го блокираа и сообраќајот кон овој аеродром. Нарушено е и редовното снабдување со храна на повеќе градови, откако разочараните следбеници на Болсонаро излегоа на блокадите, револтирани од информацијата на централната изборна комисија за победата на Лула да Силва.

По пребројувањето на гласовите, за Лула се определиле 50,9 % од граѓаните, додека Болсонаро ја добил поддршката од 49,1% на избирачите.

Во број на освоени гласови, Лула освоил над 2 милиони гласови повеќе од Болсонаро.

Иако резултатот беше објавен уште во неделата, Болсонаро досега ниту го призна поразот, ниту пак го оспори резултатот.

Вообичаено исклучително активен на социјалните медиуми, популистот Болсонаро, наречен и бразилски Трамп, засега нема никаква реакција на ниту една од популарните платформи.

Иако нема најави дека досегашниот претседател ќе го оспори резултатот, неговите изјави од минатото – како на пример таа дека „само Господ“ може да го отстрани од претседателската функција, само ги зголемуваат тензиите во Бразил.