Климатските преговори до сега беа насочени на тоа како да се намалат гасовите од ефектот на стаклена градина. Но, на овогодинешната конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик лидерите се согласија да разговараат и за ново, за нив, болно прашање – дали високо индустриските земји, кои се најголемите виновници за климатските промени, треба да им платат на земјите кои се жртви и директно ги чувствуваат последиците. Во голем дел тоа се сиромашните земји. Глобалното затоплување е се поголемо, а порастот на морското ниво во последната деценија е двојно повисоко, известуваат метеоролозите.
За жал, веќе ја изгубивме оваа игра на топење на глечерите, што значи дека порастот на морското ниво би требало да продолжи во наредните стотици години, па дури и илјадници години. А некои од најновите студии на НАСА покажуваат дека постои ризик од од неколку метри покачување на нивото на морето до 2300 година. Значи, ова е една од лошите вести што ги кажувам, вели ПЕТЕРИ ТАЛАС, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СВЕТСКА МЕТЕОРОЛОШКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Во едно од најновите истражувања, се вели дека климатските промени предизвикани од човекот ги зголемија врнежите од дожд за дури 50%, што предизвикаа неверојатни поплави, посебно во Пакистан, а за време на тие три месеци, додека една третина од Пакистан беше поплавен, шест енергетски компании остварија профит близу сто милијарди долари. Ова предизвика револт кај сиромашните земји, на кои им се придружија и светските лидери, и побараа фирмите за фосилни горива да плаќаат дополнителен данок на добивка. Иако , Америка е број еден загадувач со јаглерод – сепак не се согласуваат да преземат одговорност, а од Американската асоцијација за гас, одбиваат да се согласат за дополнителни плаќања, и бараат разумно размислување.
-
Не треба да има ваков вид на данок, бидејќи колку поголема потрошувачка на енергија, толку е поголем квалитетот на животот. И сега им велиме на земјите дека нема да ви дозволиме да имате квалитет на живот во кој сме уживале затоа што ќе ви го одземеме патот кон индустријализизација на вашите земји, смета КАРЕН ХАРБЕРТ, АМЕРИКАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ГАС
Во изминатите 20 години, 55 економии се погодени од загуби предизвикани од климатските промени, а штетата е проценета на над половина милијарда долари. Сиромашните земји велат дека напредокот им е отежнат, а некои се толку задолжени што мора да позајмуваат пари за повторно да го изградат она што е загубено и оштетено.
Алиса Шутиноска











