Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Клековски: Над 1.800 вработени во јавното здравство тужат за неисплатени законски додатоци на плата

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле тужби против своите установи поради неисплатени законски додатоци на плата, објави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО), на брифинг претпладнево.

„Вкупната вредност на побарувањата достигнува околу 2,18 милиони евра, а тужби се поднесени во повеќе од половина од здравствените установи. Трендот продолжува и во 2026 година, што укажува на сериозни системски проблеми во здравствениот сектор“, изјави Клековски.

Со детали од брифингот на првиот човек на ФЗО, во вестите во 12:30 часот се вклучи колегата Огнен Чанчаревиќ.