Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцарев: Промената на Уставот е промовирана од Сојуз за света војна против македонството

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

„Промената на Уставот ја промовира скриен, но добро организиран и меѓународно помаган сојуз. Тоа е сојуз за света војна против македонството, составен од сили во Македонија и во ЕУ“, обвини претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во своето обраќање на меѓународна конференција посветена на историските личности.

-Во Македонија се промовираат бесмисленост, апсурд, неукост, алчност, апатија, промена на Уставот – од една страна, додека пак од друга страна – сите што барем малку ќе проговорат за македонството се етикетираат за националисти, предавници и лажговци. Меѓутоа, за разлика од оние што инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас се вџашувам и се згрозувам од фактот што, во демократска Македонија, во 21-от век, воопшто како граѓанин на оваа моја земја, јас сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мој избор без колебање е: НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ, рече претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.