36 годишниот кочанчанец Драган Давитковски еден од повредените во кочанската дискотека „Пулс“, а во која загубил и двајца другари веќе една година се бори со лузните од пожарот. Денеска тој, но и останатите млади луѓе кои беа повредени и имаа долг процес на рехаблитација низ болниците во земјата и странство, се натпреваруваа во кошарка.
Животот мора да продолжи, вели Давитковски, кој денеска заедно со останатите повредни беа на спортските терени, дел од нив на натреварот во кошарка, дел возеа велосипеди во чест на 63-те жртви и собираа пари за изградба на споменик во Кочани. Според директорката на кочанската болница денов е посветен на повредените, како и да покажат што постигнале во процесот на рехабилитација.
Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека процесот на реевалуација на здравствената состојба на повредените продолжува и се прави на секои шест или седум месеци.
На последната реевалуација се јавија над 140 повредени, по што здравствените власти одлучуваат како понатаму ќе продолжи нивната рехаблитација во делот на повредите и лузните кои ги имаат од пожарот во кочански „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година.
Викторија Димитрова Јованова











