Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочовска му одговори на Славески: Надоместоците и провизиите на банките никогаш не биле законска материја

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Министерката за финансии Гордана Кочовска денеска рече дека надоместоците и провизиите што ги наплаќаат не се регулирани со закон и никогаш не ни биле.

Одговорот на министерската следува откако утринава гувернерот на Народната банка Трајко Славевски побара да се разгледаат законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за  ограничување одредени банкарски надоместоци по примерот на повеќе европски земји. Неколку поголемите банки, пред неколку дена  најавија дека ќе ги зголемат провизиите и дел од надоместоците.

Славески во објава на социјалната мрежа „Икс“ истакна дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.

– Народната банка во моментот нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка по примерот на повеќе европски земји во кои постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги – напиша Славески.