Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски: Обезбедувањето не водело грижа за преполнетоста на објектот и не направило безбедносна проценка

/

пред 580 дена

Сподели преку :

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција попладнево во Кочани се осврна и на пропустите на обезбедувањето во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што нагласи, осомничени се сопственикот и управител на фирмата за обезбедување од Скопје, овластеното лице на подружницата во Кочани, тројца вработени и едно лице кое не било вработено во фирмата,. но вршело одредени работи за таа фирма.

„Сите тие вршеле работи на физичко обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, без да ги проверат условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, како и другите сигурносни услови, особено во опасности и можности за евакуација. Во текот на критичната вечер не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот на посетителите во објектот и не спречиле внес и користење на експлозивни материи, пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот и поради кои настанала несреќата во објектот“, рече Коцевски.