Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кој ќе ја формира новата влада на Косово?

/

пред 616 дена

Сподели преку :

Самоопределување прогласи победа, но за разлика од изборите во 2021 не освои мнозинство за сами да формираат влада. Премиерот Албин Курти се обиде да звучи самоуверено кога прогласи победа, посочувајќи дека таа се должи на нивното добро владеење и инсистираше дека ќе ја формира неговата трета влада.

Но, за да го направи тоа ќе мора да бара партнер од опозицијата, од која веднаш ја отфрлија таа можност.

Лидерот на Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, денеска изјави дека мнозинството граѓани гласале против Курти и Самоопределување, и опозицијата е таа која освоила најмногу гласови на вчерашните избори.

Сигналите кои доаѓаат од другите опозициски партии исто така посочуваат дека ниту тие не сакаат коалиција која ќе го одржи Самоопределување на власт.

Малку веројатно е и дека Српска листа, која кои освои сите 10 пратенички места на српската заедница ќе коалицира со Курти, особено поради тоа што токму во неговиот мандат значително беа нарушени односите помеѓу двете заедници.

Дел од аналитичарите сметаат дека една широка коалиција на опозициските партии ќе спречи земјата да влезе во политичка криза, особено затоа што таа би ја имала поддршката и на западните земји, со кои Курти исто така успеа да ги влоши односите.

Игор Трајков