Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колку и да добиваме пофалби од ЕК, секогаш добиваме и забелешки, но и препораки – Муртезани во „Топ тема“

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Колку пофалби и да добиеме во однос на усвојување на легислативата, формалното зајакнување на капацитетите, во однос на имплементацијата и системското функционирање, секогаш добиваме забелешки, но и препораки за натамошно продлабочување на работата, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Колку политичките влади и да се служат со дневна политика за такви квалификации, мислам дека извештајот се прави за државата и сите препораки се во корист на државата. Во извештајот не се оценува работата на владата, се оценува работата на државните институции и генерално на системот. И затоа треба да гледаме што сме наследиле, што ние треба да подобриме и каде да стигнеме“, вели Муртезани.

„Плукањето“ по претходната влада, според него, нема никаква логика, бидејќи, како што рече, „поради таквата политика, тие ја изгубија и власта“.

„Од нас се очекува сите препораки да ги конкретизираме во чекори, во буџети за поддршка на тие реформи, да воспоставиме силен систем на мониторинг, на евалуација и на имплементација и да бидеме сигурни дека работите се движат во вистинска насока“, рече Муртезани.