Американскиот претседател Џо Бајден изјави оти не верува дека ќе дојде со сеопшта војна на Блискиот исток, истакнувајќи мора да се вложат повеќе напори за да биде избегната.
Во одговор на новинарско прашање во Вашингтон, „колку е уверен дека може да биде спречена сеопшта војна на Блискиот исток“, Бајден одговори „колку сте сигурни дека нема да врне дожд? – Гледајте, не верувам дека ќе има сеопшта војна. Мислам дека можеме да ја избегнеме“.
Тој истакна дека САД разговараат со Израел за опциите за одговор по нападот на Техеран кои вклучуваат и напад врз иранските нафтени постројки. По таквата негова изјава, цената на нафтата почна да расте.











