Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Комбе полно со мигранти пропадна во ископаниот канал во Велес- повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, возачот и совозачот се приведени

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Комбе полно со мигранти вечерва околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал.

Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8-ми Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.

Возачот и совозачот се фатени и приведени. Според првичните информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Акцијата ги вознемири велешани кои беа сведоци на приведувањето, а на снимките од минувачите може да се забележат дваесетина мигранти кои седат на земја покрај дуќаните под Интернационал.

Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.