Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Kомеморација во чест на Тихомир Јанчовски

/

пред 213 дена

Сподели преку :

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје се одржa комеморација во чест на поетот и писател, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски. Тихомир Јанчовски е автор на 17 книги поезија, три романи, две книги за деца и збирка колумни.

Неговата поезија е преведена на 16 јазици. Автор е на 20 литературни преводи. Од 2021 година е единствениот професионален писател во Македонија кој живееше од своите дела.

Претходно, како професор по литература, академско пишување и светска историја, Тихомир Јанчовски остави силен печат на генерации и генерации ученици на средните училишта Јосип Броз Тито, Орце Николов и гимназијата Нова.

Тихомир Јанчовски не кокетираше напразно со зборови и слаткоречиви рими, забележа професор Шелева.