Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комисиската седница за случајот Онишченко затворена за јавноста – Димовски ќе одговори и на тврдењето на опозицијата дека биле прислушувани

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Денеска треба да стане јасно зошто Агенијата за национална безбедност дала позитивно мислење украинскиот олигарх Олександар Онишченко да добие македонско државјанство.

Одговорот треба да го даде првиот човек на АНБ Виктор Димовски кој веќе пристигна на закажаната собраниска комисија за надзор.

Комисијата претходно ја започна расправата во негово отсуство но дебатата беше одложена бидејќи Димовски беше на службен пат.

На отчетот на Димовски чекаат и од Комисијата за надворешна политика каде токму за него треба да се расправа како предлог тој да стане амабасадор во Франција.

Од таму велат дека од заклучокот на првата комисија ќе зависи и дали Димовски ќе го помине собранискиот филтер за амбасадорската позиција. Денешната седница ќе биде затворена а според изјавата на Димовски ќе се разговара и за обвинувањата од опозицијата дека биле прислушувани.