Родна Живковска е угледен професор и автор на многу трудови, што ја прави кандидат кој заслужува да биде избран за уставен судија.
Вака пратениците од ВМРО ДПМНЕ го бранеа својот предлог пред Комисијата за избори и именувања.
Владеачките партии не ги оспоруваат нејзините професорски вредности, но ја сметаат и неа и нејзино9то семејство за партиски определени: таа како донатор на ВМРО ДПМНЕ, а нејзиниот син како претседавач на Советот на Кисела Вода.
Павле Трајанов посочи дека изборот на уставни судии се претвара во дискредитација наместо во афирмација на кандидатите бидејќи при изборот нема јасни критериуми и единствен услов е да биде „истакнат правник“.
Вчера, Комисијата му даде поддршка на судијата во Апелацискиот суд во Скопје Фатмир Скендер.
Таа треба да дефинира тројца кандидати за уставни судии од поднесените 9 предлози: 3 од владеачките и 6 од опозициските партии.
Постапката беше во мирување повеќе од една година, додека Судот работи со само 5 од вкупно 9 судии.
Соња Николовска











