Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Kомпанијата Лукоил соопшти дека започнала со продавање на своите меѓународни средства

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Руската нафтена компанија Лукоил соопшти дека започнала постапка за продажба на своите средства во странство, како одговор на новите рестриктивни мерки воведени од повеќе западни земји против компанијата и нејзините подружници.

Според соопштението на веб-страницата на Лукоил, разгледувањето на понудите од потенцијалните купувачи веќе е во тек. Продажбата се врши согласно лиценца за ликвидација на бизнисот издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии.

Компанијата најави дека ќе побара продолжување на лиценцата, доколку биде потребно, за да се овозможи непречено работење на нејзините меѓународни операции. Одлуката следи откако САД на 22 октомври воведоа санкции против повеќе од 30 подружници на руските енергетски компании Роснефт и Лукоил, со рок до 21 ноември компаниите да ги прекинат сите трансакции со руските производители на нафта.

Т.Д.