Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конфликтот на Блискиот исток ги зголемува инфлациските притисоци, предупредува ОЕЦД

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Продолжувањето на конфликтот на Блискиот исток се претвори во движечка сила која ја обликува глобалната економија, предизвикувајќи енергетски шок кој ги потхранува инфлациските притисоци, поради што се прогнозира дека ќе има негативно влијание врз економскиот раст, предупредува во својата најнова прогноза Организацијата за економска соработка и развој.

За крај, енергетскиот шок од конфликтот на Блискиот исток е вистински и сериозен. Тоа ги зголемува цените и несигурноста за домаќинствата и бизнисите ширум светот, и алатки како да одговориме на тоа постојат. Повторно воспоставување на безбедни рути за испорака на енергенси преку обезбедување поддршка, внимателно одржување на монетарни политики засновани врз податоците, поставувањето на јавните финансии на поодржлив пат, диверзификација на енергетските извори, одбрана на отворените пазари, избегнување нови рестрикции за извоз и поттикнување структурни реформи кои ги поставуваат долгорочните животни стандарди. Ниту една од нив не е лесна. Сите се неопходни, вели Матајас корман, генералниот секретар на ОЕЦД.

Поради несигурноста која извира од конфликтот кој непрекинато еволуира, Организацијата прогнозира две посебни сценарија.

Првото е сценарио на ограничени влијанија, односно производството на енергенси во заливските економии полека ќе се вратат на нивото од пред избивањето на војната, почнувајќи од средината на оваа година.

Второто е сценарио на долгорочни влијанија, и тоа претпоставува дека моменталните нарушувања на производството и извозот на енергенси од Заливот ќе продолжат и длабоко во 2027 година, продолжувајќи го растот на цените, додека во исто време зголемувајќи го недостатокот на енергенси на пазарите и заострување на глобалните финансиски услови, што ќе предизвика многу подолготрајни последици врз глобалната економија.