Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конкурс за 2.000 работници, досега се пријавиле 360 – недоволен одзив за вработување во „Бехтел&Енка“

/

пред 1131 дена

Сподели преку :

Конзорциумот „Бехтел&Енка“ објави конкурс за вработување на 2.000 македонски граѓани за изградба на коридорите 8 и 10Д, но интерес досега пројавиле само 360 апликанти.

„Бехтел&Енка моментно разгледуваат 360 апликации од македонски граѓани од различни профили. И тоа е малку, бидејќи на конзорциумот му се потребни 2.000 работници“, порача премиерот Димитар Ковачевски од делницата Прилеп – Битола.

Поттик за зголемување на интересот, според него, треба да бидат саемите за вработување кои досега беа организирани во Гостивар, Битола и Тетово. Тој најави дека во наредниот период ќе се организираат и во други градови во земјата, како што стои и во договорот.