Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се урна натстрешница на железничката станица во Нови Сад, повредени 30-тина луѓе

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Дел од главната железничка станица во српскиот град Нови Сад се урна утрово, при што повредени се 30-тина лица. На терен се наоѓаат седум екипи на Итната помош и три противпожарни возила.

Натстрешницата, која се наоѓа над влезната врата во објектот на станицата, се урнала нешто пред 12 часот.

Се стравува дека има и една жртва која е поклопена со градежен материјал од паднатата натстрешница.

Клиничкиот центар во Нови Сад повика на крводарителска акција.

Обвинителството отвори веднаш истрага.