Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коп на Ахмети: Две години постојано одите назад во правната држава, и неприфатливо е политичко влијание врз претседател на Врховен суд

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија, напиша амбасадорот.

Ова не е прва сериозна критика од холандскиот амбасадор дека во Македонија не постои вистинска политичка волја за промена. Коп често во своите изјави потенцира дека Македонија само наоѓа изговори, додека реформите се заглавени во место поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Најголемите критики постојано ги упатува на сметка на правосудниот систем, каде поради состојбите Холандија нема друга опција освен да ја евалуира поддршката која што ѝ ја дава на Македонија.