Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кордалов: Загубивме 15 години на добра едукација и подготовка на секој човек на одговорност во интернет просторот

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Многу работи се јавни, многу работи се достапни и границата се губи, изгубивме драгоцено време од 15-тина години во кое дебатиравме дали социјалните медиуми се добри или лоши, дали треба да ги прифатиме или не и логично се случи ова што го гледаме денеска, изјави Бојан Кордалов, комуниколог, во денешната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ако работевме 15 години наназад на добра едукација и добра подготовка на секој човек на одговорност во интернет просторот, немаше да се случуваат овие работи, барем не во толкав обем. Е, сега денеска ние веќе се плашиме од вештачката интелигенција, така што социјалните медиуми изгледаат како малечко бебенце со креирањето на дипфејк видеа. Се сложувам дека непријатностите се големи, се сложувам дека регулацијата, односно одговорноста не е добро поставена, меѓутоа нема друг начин освен да се добие лична одговорност, лична едукација и секако преземање многу одговорност од државните и регулаторните институции на европско и светско ниво“, смета Кордалов.

С.Д.