Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во Македонија

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Европската Унија изрази загриженост за владеењето на правото во Македонија и земјите од Западен Балкан, и покрај напредокот што е забележан, соопшти вчера европската комесарка за проширување Марта Кос.Таа истакна дека продолжува праксата со мешање во судските процеси, притисокот врз службениците кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што како што истакна е неприфатливо. Еврокомесарката нагласи дека ЕУ се темели на владеењето на правото, кое подразбира независно судство, фер избори и слободни медиуми. Земјите кандидати кои не можат да го обезбедат ова ниво на владеење на правото нема да можат да станат членки на Унијата.Таа додаде дека земјите од Западен Балкан се во фокусот на процесот на проширување и дека владеењето на правото е клучен предуслов за нивна интеграција.