Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кос: ЕУ нема да дозволи да и се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Европската Унија нема да дозволи да се приклучат земји кои би можеле да ги поткопаат нејзините вредности или институции, изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на расправата за Стратегијата за проширување на ЕУ, којашто треба да се усвои денеска.

–Нема тројански коњи. Земјите што би нè поткопале одвнатре не можат да станат членки на ЕУ. Мора да бидеме апсолутно сигурни во тоа. Земјите што се приклучуваат кон ЕУ мора да бидат силни и отпорни демократии, способни да се спротивстават на токсичното влијание на Русија и другите, изјави Марта Кос пред Европскиот парламент.

За време на дебатата за проширувањето во Европскиот парламент, Кос нагласи дека инсистирањето на владеењето на правото како клучен приоритет неизбежно го зајакнува кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.