Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошта: Координираме одговор во ЕУ на царините на Трамп за Гренланд

/

пред 260 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Европската Унија (ЕУ) го координира одговорот за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува на територијата на земјите-членки на ЕУ“, изјави Кошта по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и МЕРКОСУР, откако Трамп најави воведување на царини за европски сојузници што се спротивставија на неговата желба да го добие Гренланд.

„Моментално координирам заеднички одговор од земјите-членки на Европската унија за тоа прашање“, рече Кошта.